Воннаставни активности

Учество во глобалната акција – Засади дрво за мир и светскиот Eno tree planting day

Наставничките и учениците од подрачните училишта во с. Дихово и с. Трново, по трет пат учествуваа во глобалната акција – Засади дрво за мир во рамките на движењето Eno tree planting day, заедно со илјадници училишта во повеќе од 100 земји во светот. Оваа година, одлучија да засадат семиња од локални овошни и јаткасти плодови испраќајќи порака дека околината е важна за нас, не само локално, туку и глобално. Како што растат заедно учениците и дрвата на мирот, така да растат условите за посветла иднина на нашата планета и нејзините жители.

Учество во глобалната акција – Засади дрво за мир и светскиот Eno tree planting day Read More »

Наградна екскурзија за учениците кои го промовираа училиштето со своите успеси на општинско, регионално и државно ниво

На ден 28.06.2019 год. училиштето организираше наградна екскурзија за учениците кои во учебната 2018-2019 год. освоија места на општински, регионални и државни натпревари. Екскурзијата беше до град Скопје, каде беа посетени Собранието и Институтот за национална историја. Пред учениците се обратија пратениците Фросина Ташевска Ременски, Далибор Богдановски и Зоран Илиовски и притоа учениците им поставуваа прашања за нивната работа во собранието. Исто така пред пратениците нашата ученичка Ана Долевска одржа говор на тема: Екологија, каде упати јасни пораки како да ја зачуваме чиста нашата животна средина. Голема благодарност за соработката до Соња Стаменковска-  советник историчар во одделението за едукација и комуникација. Се надеваме дека ова ќе биде поттик за сите ученици да ги унапредуваат своите знаења и постигања и да го промовираат училиштето со своите успеси.

Наградна екскурзија за учениците кои го промовираа училиштето со своите успеси на општинско, регионално и државно ниво Read More »

Изложба „Ана Франк – Историја за денес“ – во Битола

Учениците од VIII б заедно со наставниците Светлана Мирчевска и Никола Чаловски ја посетија изложбата за Ана Франк во гимназијата „Таки Даскало“ – Битола со цел да се запознаат повеќе со веќе изученото литературно дело „Дневникот на Ана Франк“ . Изложбата претставува збир од триесет и девет изложбени панели кои носат бројни детали од животот на малата Ана и нејзиното семејство од Втората светска војна. Изложбата е отворена во Македонија во рамки на проектот „Хисторија, Историја, Повјест – Лекции за сегашноста“, а организатори се Младински образовен форум и Куќата на Ана Франк од Амстердам. Она што ја направи оваа изложба поинаква е што водичи за посетителите беа млади волонтери, средношколци кои поминале обука за да ја раскажат приказната на Ана Франк. До сега, изложбата беше поставена во 23 градови во државата, а ја посетиле повеќе од 19 илјади млади.

Изложба „Ана Франк – Историја за денес“ – во Битола Read More »

Влијанието на аерозагадувањето врз климатските промени

На ден 27.05.2019 година вo Еко куќичката на ЈП Комуналец, ученици од нашето училиште презентираа за ефектите на аерозагадувањето и климатските промени. Ученичката Емилија Крстевска од IX б одд.  презентираше за аерозагадувањето, тема со која освои III место на државен натпревар на Млади техничари и природници организиран од  Нарoдна Техника. Потоа ученици од драмската секција говореа за ефектите од аерозагадувањето и климатските промени. Настанот беше проследен од ученици од ОУ ,,Климент Охридски“ од Битола а истиот беше под менторство на наставничката по Биологија Николина Врџовска и наставникот Слободан Ристевски.

Влијанието на аерозагадувањето врз климатските промени Read More »

Посета на фабриката KROMBERG & SCHUBERT

Во склоп на програмата за професионална ориентација и предметот Иновации, учениците од IX одделение заедно со наставниците Слободан Ристевски и Татјана Трајковска беа во посета на фабриката за производство на кабли за автомобили – KROMBERG & SCHUBERT во Битола – зона Жабени, со цел учениците подобро да се запознаат со производствениот процес како и професионалните профили кои можат да се сретнат во индустријата.

Посета на фабриката KROMBERG & SCHUBERT Read More »

Еко акција во соработка со ЈП Комуналец Битола

Нашите ученици од IV А и IV Б заедно со нивните наставнички Лидија Поповска и Ирена Николовска на ден 13.05.2019 од год.  имаа еко активности во еко куќичката во соработка со ЈП Комуналец Битола.

Еко акција во соработка со ЈП Комуналец Битола Read More »

Презентација на средното училиште „Димитар Влахов“ – Скопје за учениците од IX одд.

Во нашето училиште се одржа презентација за условите за упис и можностите за учење во средното училиште „Димитар Влахов“ – Скопје.

Презентација на средното училиште „Димитар Влахов“ – Скопје за учениците од IX одд. Read More »

Изработка на велигденски честитки и украси

По повод големиот христијански празник Велигден нашето училиште во соработка со градинските „Мајски Цвет„ и „Славејче“ реализираше работилница за изработка на велигденски честитки и украси. Дечињата од градинките работеа заедно со нашите ученици, се дружеа и се забавуваа. Голема благодарност до управата и наставничките од двете градинки за соработката, со надеж за идни заеднички успешни проекти.

Изработка на велигденски честитки и украси Read More »

Велигденски базар 2019 год.

По повод големиот христијански празник Велигден во нашето училиште се одржа Велигденски базар  на кој што беа изложени разни велигденски  украси и колачи. На базарот зедоа учество сите наставници и ученици, а голем придонес во изработките дадоа и нивните родители.

Велигденски базар 2019 год. Read More »

Тестирање на учениците од IV одд. по предметите Природни науки и Математика како дел од Меѓународната студија TIMSS

На 24.04.2019 год. во нашето училиште од страна на Државниот испитен центар беше спроведено тестирање на учениците од IV одд. по предметите Природни науки и Математика како дел од Меѓународната студија TIMSS. TIMSS е меѓународна студија која се спроведува во повеќе земји во светот на секои четири години и ги отсликува знаењата на учениците на иста возраст по Математика и Природни науки. Нашето училиште за прв пат оваа година е избрано да учествува во оваа престижна Меѓународна студија.

Тестирање на учениците од IV одд. по предметите Природни науки и Математика како дел од Меѓународната студија TIMSS Read More »