Изложба „Ана Франк – Историја за денес“ – во Битола

Учениците од VIII б заедно со наставниците Светлана Мирчевска и Никола Чаловски ја посетија изложбата за Ана Франк во гимназијата „Таки Даскало“ – Битола со цел да се запознаат повеќе со веќе изученото литературно дело „Дневникот на Ана Франк“ .

Изложбата претставува збир од триесет и девет изложбени панели кои носат бројни детали од животот на малата Ана и нејзиното семејство од Втората светска војна. Изложбата е отворена во Македонија во рамки на проектот „Хисторија, Историја, Повјест – Лекции за сегашноста“, а организатори се Младински образовен форум и Куќата на Ана Франк од Амстердам.

Она што ја направи оваа изложба поинаква е што водичи за посетителите беа млади волонтери, средношколци кои поминале обука за да ја раскажат приказната на Ана Франк. До сега, изложбата беше поставена во 23 градови во државата, а ја посетиле повеќе од 19 илјади млади.