Наградна екскурзија за учениците кои го промовираа училиштето со своите успеси на општинско, регионално и државно ниво

На ден 28.06.2019 год. училиштето организираше наградна екскурзија за учениците кои во учебната 2018-2019 год. освоија места на општински, регионални и државни натпревари.

Екскурзијата беше до град Скопје, каде беа посетени Собранието и Институтот за национална историја. Пред учениците се обратија пратениците Фросина Ташевска Ременски, Далибор Богдановски и Зоран Илиовски и притоа учениците им поставуваа прашања за нивната работа во собранието.

Исто така пред пратениците нашата ученичка Ана Долевска одржа говор на тема: Екологија, каде упати јасни пораки како да ја зачуваме чиста нашата животна средина.

Голема благодарност за соработката до Соња Стаменковска-  советник историчар во одделението за едукација и комуникација.

Се надеваме дека ова ќе биде поттик за сите ученици да ги унапредуваат своите знаења и постигања и да го промовираат училиштето со своите успеси.