Соработка со локална средина

“Млада креативна Битола”

На завршниот настан од проектот ,,Млада креативна Битола”, во кристалната сала на Офицерскиот дом, беа изложени делата (ликовни и поетски творби) на кои работеа нашите ученици заедно со нивните ментори.На крајот од настанот беше доделена благодарница за нашето училиште, како и сертификати за наставниците.

“Млада креативна Битола” Read More »

Предавање за учениците од VIII одд. на тема:Превенција од злоупотреба на дрога, алкохол и пиротехнички средства

На 19.12.2019 година во нашето училиште беше одржана презентација за учениците од VIII одделение на тема: Превенција од злоупотреба на дрога, алкохол и пиротехнички средства од страна на претставници од СВР Битола. Оваа тема е актуелна за учениците и им укажува на несаканите дејства и последици од злоупотребата на овие супстанци. Учениците проследија и неколку кратки видеа кои потоа се анализираа и се дискутираше, за децата низ пример да разберат колку негативни последици по животот на луѓето имаат пороците.

Предавање за учениците од VIII одд. на тема:Превенција од злоупотреба на дрога, алкохол и пиротехнички средства Read More »

Одбележан Меѓународниот ден на лицата со попреченост

На ден 03.12.2019 година, со дефиле на Широк Сокак беше одбележан Меѓународниот ден на лицата со попреченост. Дел од нашите ученици заедно со наставникот Слободан Ристевски зедоа учество на настанот. Децата пуштаа разнобојни балони како симбол на мотото „ОБОИМЕ ВО ПРИЈАТЕЛ“.

Одбележан Меѓународниот ден на лицата со попреченост Read More »

Pop-up фестивал во ПУ с.Дихово

Подрачното училиште во с. Дихово-домаќин на првиот Pop-up фестивал во нашето училиште, како дел од глобалната прослава на Денот на детето, 20 Ноември, заедно со 1.5 милиони деца и возрасни ширум светот. Учениците и наставничките од с. Дихово, Трново и Кременица преку едукативно-забавни активности и игри чија цел е развој на емоционалната интелегенција, соработката и емпатијата, учеа, другаруваа, се радуваа и забавуваа, исполнувајќи ја целта на фестивалот-преку игра и развивање на ЕИ до посветла иднина.

Pop-up фестивал во ПУ с.Дихово Read More »

Посета на Државниот архив на Република Македонија

Учениците од деветто одделение, заедно со наставничките Робертина Петровска Герасовска и Светлана Мирчевска беа во посета на Државниот архив на Република Македонија, при што се запознаа со дејноста на архивот и неговата улога во нашата држава. Од различните фондови кои се наоѓаат таму, учениците имаа можност поблиску да се запознаат со фондот на браќата Манаки, нивната фотографска дејност и опрема.

Посета на Државниот архив на Република Македонија Read More »

Работилница на тема:”NO”- to online extremism and radicalization

Денес, 10.10.2019 година во нашето училиште се одржа работилница на тема: “Не за онлајн екстремизам и радикализација„. Работилницата ја организираа наставничката по англиски јазик Јулијана Георгиевска Златевска од ОУ„Крсте Петков Мисирков“ од Бистрица и инспекторката од СВР Битола Севги Фејзуловска, во соработка со наставничката по англиски јазиик од нашето училиште Татјана Трајковска и психологот Теодора Трифуновска. На работилницата учествуваа ученици од VIII и IX одд. од двете училишта. Целта беше учениците како да препознаат лажна и вистинска вест на интернет. Голема благодарност за соработката до наставничката Јулијана Георгиевска Златевска и инспекторката Севги Фејзуловска.

Работилница на тема:”NO”- to online extremism and radicalization Read More »

Есенски крос 2019 година

Во организација на Сојузот за училишен спорт од Битола, денес на 27.09.2019 година се одржа есенскиот училишен крос на кој учествуваа ученици од основните и средните училишта. Нашето училиште под менторство на наставникот по Физичко и здравствено образование Михајло Христовски, ги освои следните места: 1. Иван Иванов VII Б – II место 2. Демир Умер VIII А- II место

Есенски крос 2019 година Read More »

Изложба „Ана Франк – Историја за денес“ – во Битола

Учениците од VIII б заедно со наставниците Светлана Мирчевска и Никола Чаловски ја посетија изложбата за Ана Франк во гимназијата „Таки Даскало“ – Битола со цел да се запознаат повеќе со веќе изученото литературно дело „Дневникот на Ана Франк“ . Изложбата претставува збир од триесет и девет изложбени панели кои носат бројни детали од животот на малата Ана и нејзиното семејство од Втората светска војна. Изложбата е отворена во Македонија во рамки на проектот „Хисторија, Историја, Повјест – Лекции за сегашноста“, а организатори се Младински образовен форум и Куќата на Ана Франк од Амстердам. Она што ја направи оваа изложба поинаква е што водичи за посетителите беа млади волонтери, средношколци кои поминале обука за да ја раскажат приказната на Ана Франк. До сега, изложбата беше поставена во 23 градови во државата, а ја посетиле повеќе од 19 илјади млади.

Изложба „Ана Франк – Историја за денес“ – во Битола Read More »

Влијанието на аерозагадувањето врз климатските промени

На ден 27.05.2019 година вo Еко куќичката на ЈП Комуналец, ученици од нашето училиште презентираа за ефектите на аерозагадувањето и климатските промени. Ученичката Емилија Крстевска од IX б одд.  презентираше за аерозагадувањето, тема со која освои III место на државен натпревар на Млади техничари и природници организиран од  Нарoдна Техника. Потоа ученици од драмската секција говореа за ефектите од аерозагадувањето и климатските промени. Настанот беше проследен од ученици од ОУ ,,Климент Охридски“ од Битола а истиот беше под менторство на наставничката по Биологија Николина Врџовска и наставникот Слободан Ристевски.

Влијанието на аерозагадувањето врз климатските промени Read More »

Посета на фабриката KROMBERG & SCHUBERT

Во склоп на програмата за професионална ориентација и предметот Иновации, учениците од IX одделение заедно со наставниците Слободан Ристевски и Татјана Трајковска беа во посета на фабриката за производство на кабли за автомобили – KROMBERG & SCHUBERT во Битола – зона Жабени, со цел учениците подобро да се запознаат со производствениот процес како и професионалните профили кои можат да се сретнат во индустријата.

Посета на фабриката KROMBERG & SCHUBERT Read More »