Наставничките и учениците од подрачните училишта во с. Дихово и с. Трново, по трет пат учествуваа во глобалната акција – Засади дрво за мир во рамките на движењето Eno tree planting day, заедно со илјадници училишта во повеќе од 100 земји во светот.
Оваа година, одлучија да засадат семиња од локални овошни и јаткасти плодови испраќајќи порака дека околината е важна за нас, не само локално, туку и глобално. Како што растат заедно учениците и дрвата на мирот, така да растат условите за посветла иднина на нашата планета и нејзините жители.











