Воннаставни активности

Излет за учениците од ПУ с.Братин Дол

На ден 20.09.2023 год. учениците беа на еднодневен излет во околината на с.Братин дол. Преку ваквите активности кај учениците се развива интерес кон природата, се запознаваат со природните убавини на нашата татковина, како и се градат вредности за дружење, социјализација, стекнување на нови искуства.

Излет за учениците од ПУ с.Братин Дол Read More »

Излет за учениците од II-IX одделение

На ден 20.09.2023 год. за учениците од второ до деветто одделение беше организиран излет до националниот парк Пелистер, локација Голема ливада. Преку ваквите активности кај учениците се развива интерес кон природата, се запознаваат со природните убавини на нашата татковина, како и се градат вредности за дружење, социјализација, стекнување на нови искуства.Во склоп на програмата за

Излет за учениците од II-IX одделение Read More »

Предавање за Сајбер насилство за учениците од седмо одделение

На ден 19.09.2023 за учениците од седмо одделение психологот и педагогот на училиштето одржаа предавање за “Сајбер насилство”, поим, видови и заштита од сајбер насилство.

Предавање за Сајбер насилство за учениците од седмо одделение Read More »

Работилница за справување со социјален притисок “Ме наговорија”

На ден 12.09.2023 год. педагогот и психологот на училиштето одржаа работилница за учениците од шесто одделение за справување со социјален притисок. Учениците да стекнат способност да ги воочуваат механизмите преку кои средината влијае на поединецот и неговото однесување, како и вештини за справување со социјалниот притисок.

Работилница за справување со социјален притисок “Ме наговорија” Read More »

🚴💚ВЕЛО ЧАС💚🚴‍♀️ ПУ – с.Трново

По повод Денот на велосипедот, во подрачното училиште во село Трново беше одржан🚴‍♂️ ,,ВЕЛО ЧАС”🚴‍♂️при што беа интегрирани часовите по ФЗО 🚴🚴‍♀️🚴‍♂️и Техничко образование🧑‍🔧👩‍🏫🧑‍🏭. Преку неколку спортски активности и забава беше нагласена огромната придобивка и еколошка корист од користењето на велосипедите.🌲🚲🐦🌳🌍 Како и потребата од внимателно и безбедно користење на волосипедите во сообраќајот! 🚦🚴‍♀️🚚🚴‍♂️🛵🚗🚴🚦 Предметен

🚴💚ВЕЛО ЧАС💚🚴‍♀️ ПУ – с.Трново Read More »

“Фестивал за еко – мобилност”

Велосипедисти од нашето училиште учествуваа на “Фестивал за еко – мобилност” на еко-пријателска мобилност. Исто така настапи и хорот и рецитаторската секција со Еко-мјузикл.

“Фестивал за еко – мобилност” Read More »

“Млада креативна Битола”

На завршниот настан од проектот ,,Млада креативна Битола”, во кристалната сала на Офицерскиот дом, беа изложени делата (ликовни и поетски творби) на кои работеа нашите ученици заедно со нивните ментори.На крајот од настанот беше доделена благодарница за нашето училиште, како и сертификати за наставниците.

“Млада креативна Битола” Read More »

🪵Преработка на дрво🪵

Едукативна посета во блиската пилана, беше реализирана од страна на учениците при ПУ- с.Трново. 👩‍🏫 Посетата беше направена со цел учениците да имаат конкретна претстава за целосната постапка при обработката на дрво, што претставува дел од наставниот предмет Техничко образование.📖 Воедно, од страна на домаќините, темелно и детално беше презентиран процесот на обработка на дрвото,

🪵Преработка на дрво🪵 Read More »

Учество во еко акција “Генералка Викенд”

Нашето училиште традиционално се вклучува во еко акцијата “Генералка Викенд” која се организира секоја година на ниво на држава. Оваа година учениците од шесто одделение со одделенските раководители Игор Наумовски и Милена Дестановиќ, со заеднички сили го исчистија училишниот двор, при тоа внимаваа на правилното селектирање на отпадот.

Учество во еко акција “Генералка Викенд” Read More »