Влијанието на аерозагадувањето врз климатските промени

На ден 27.05.2019 година вo Еко куќичката на ЈП Комуналец, ученици од нашето училиште презентираа за ефектите на аерозагадувањето и климатските промени.

Ученичката Емилија Крстевска од IX б одд.  презентираше за аерозагадувањето, тема со која освои III место на државен натпревар на Млади техничари и природници организиран од  Нарoдна Техника. Потоа ученици од драмската секција говореа за ефектите од аерозагадувањето и климатските промени.

Настанот беше проследен од ученици од ОУ ,,Климент Охридски“ од Битола а истиот беше под менторство на наставничката по Биологија Николина Врџовска и наставникот Слободан Ристевски.

61628099_335646817133497_5318033415054819328_n