По повод големиот христијански празник Велигден во нашето училиште се одржа Велигденски базар на кој што беа изложени разни велигденски украси и колачи. На базарот зедоа учество сите наставници и ученици, а голем придонес во изработките дадоа и нивните родители.





















