Воннаставни активности

Предавање за учениците од VIII одд. на тема:Превенција од злоупотреба на дрога, алкохол и пиротехнички средства

На 19.12.2019 година во нашето училиште беше одржана презентација за учениците од VIII одделение на тема: Превенција од злоупотреба на дрога, алкохол и пиротехнички средства од страна на претставници од СВР Битола. Оваа тема е актуелна за учениците и им укажува на несаканите дејства и последици од злоупотребата на овие супстанци. Учениците проследија и неколку […]

Предавање за учениците од VIII одд. на тема:Превенција од злоупотреба на дрога, алкохол и пиротехнички средства Read More »

Одбележан Меѓународниот ден на лицата со попреченост

На ден 03.12.2019 година, со дефиле на Широк Сокак беше одбележан Меѓународниот ден на лицата со попреченост. Дел од нашите ученици заедно со наставникот Слободан Ристевски зедоа учество на настанот. Децата пуштаа разнобојни балони како симбол на мотото „ОБОИМЕ ВО ПРИЈАТЕЛ“.

Одбележан Меѓународниот ден на лицата со попреченост Read More »

Light for the Earth

Учество во глобалниот настан Light for the Earth на учениците од Vб одд. од централното училиште и подрачните училишта од с. Дихово и с. Трново заедно со наставничките Ирена Николовска, Бистра Костовска, Ленче Илиевска и Елизабета Лавуровска. Учениците изработија и декорираа фенери и напишаа писма, стихотворби и пораки посветени на планетата Земја преку кои ги

Light for the Earth Read More »

Pop-up фестивал во ПУ с.Дихово

Подрачното училиште во с. Дихово-домаќин на првиот Pop-up фестивал во нашето училиште, како дел од глобалната прослава на Денот на детето, 20 Ноември, заедно со 1.5 милиони деца и возрасни ширум светот. Учениците и наставничките од с. Дихово, Трново и Кременица преку едукативно-забавни активности и игри чија цел е развој на емоционалната интелегенција, соработката и

Pop-up фестивал во ПУ с.Дихово Read More »

Работилница за видови насилно однесување и булинг

Во склоп на програмата за справување со насилно однесување што училиштето ја реализира беше спроведена работилница за насилство, видови насилно однесување и булинг во училиште. Училишниот психолог разговарше на овие теми со учениците од VI одд. како и за нивните искуства со булинг во нашето училиште. Со цел успешно справување со булингот како негативна појава

Работилница за видови насилно однесување и булинг Read More »

Посета на Државниот архив на Република Македонија

Учениците од деветто одделение, заедно со наставничките Робертина Петровска Герасовска и Светлана Мирчевска беа во посета на Државниот архив на Република Македонија, при што се запознаа со дејноста на архивот и неговата улога во нашата држава. Од различните фондови кои се наоѓаат таму, учениците имаа можност поблиску да се запознаат со фондот на браќата Манаки,

Посета на Државниот архив на Република Македонија Read More »

Посета на фестивалот „Мала школа за краток филм“

Центарот за култура во Битола беше домаќин на првото издание на Фестивалот „Мала школа за краток филм“ при што беа организирани повеќе проекции на краткометражни филмови наменети за младата публика. Учениците, заедно со наставниците Слободан Ристевски и Анета Груевска беа во посета на фестивалот, при што проследија неколку краткометражни филмови.

Посета на фестивалот „Мала школа за краток филм“ Read More »

Работилница на тема:”NO”- to online extremism and radicalization

Денес, 10.10.2019 година во нашето училиште се одржа работилница на тема: “Не за онлајн екстремизам и радикализација„. Работилницата ја организираа наставничката по англиски јазик Јулијана Георгиевска Златевска од ОУ„Крсте Петков Мисирков“ од Бистрица и инспекторката од СВР Битола Севги Фејзуловска, во соработка со наставничката по англиски јазиик од нашето училиште Татјана Трајковска и психологот Теодора

Работилница на тема:”NO”- to online extremism and radicalization Read More »

Посета на домот за стари лица Сју Рајдер од Битола

По повод 1 Октомври Меѓународниот ден на старите лица учениците од III б, V б и ученичката Теодора Мицеска  заедно со своите наставнички Цветанка Љамчевска и Ирена Николовска беа во посета на домот Сју Рајдер во Битола.

Посета на домот за стари лица Сју Рајдер од Битола Read More »

Есенски крос 2019 година

Во организација на Сојузот за училишен спорт од Битола, денес на 27.09.2019 година се одржа есенскиот училишен крос на кој учествуваа ученици од основните и средните училишта. Нашето училиште под менторство на наставникот по Физичко и здравствено образование Михајло Христовски, ги освои следните места: 1. Иван Иванов VII Б – II место 2. Демир Умер

Есенски крос 2019 година Read More »