trifunpanovski-bitola

Учество во еко акција “Генералка Викенд”

Нашето училиште традиционално се вклучува во еко акцијата “Генералка Викенд” која се организира секоја година на ниво на држава. Оваа година учениците од шесто одделение со одделенските раководители Игор Наумовски и Милена Дестановиќ, со заеднички сили го исчистија училишниот двор, при тоа внимаваа на правилното селектирање на отпадот.

Учество во еко акција “Генералка Викенд” Read More »

🐦💙Помош на животните 🐦💙

Предметот Техничко образование интегриран со Секцијата- Градинарство. Учениците од ПУ с.Трново изработија предмети од дрво, што всушност претставува дел од наставната содржина по предметот Техничко образование и ги поставија во школскиот двор. Освен што ќе го разубавуваат дворот, воедно ќе бидат дом или хранилка за малите пријатели, птиците 🐦🕊🐦 Одделенски наставникМарија Цветановска

🐦💙Помош на животните 🐦💙 Read More »

Велигденски активности во ПУ с.Дихово

Ден исполнет со насмевки, песни и радост кај учениците и бабите во с.Дихово. Вредните дечиња им подарија на бабите изработки изработени од нивните вредни рачиња и со песна им го честитаа големиот христијански празник Велигден. Одделенски наставник Елизабета Лавуровска

Велигденски активности во ПУ с.Дихово Read More »

“Сончев систем” во убавото с.Трново

Денот на шегата ПУ с.Трново го одбележа со групна маска ,,Сончев систем”.Учениците имаа прилика со едукативно видео за Сончевиот систем да се запознаат со секоја планета и небесно тело поединечно, односно со маската која ја имаа на себе.Денот продолжи во забавна прошетка низ Трново, исполнета со многу смеа, радост и сончевина. Одделенски наставници: Марија ЦветановскаВесна

“Сончев систем” во убавото с.Трново Read More »

14 МАРТ ЗБЛИЖУВА

МИО работилница на учениците од IIIб и IVб одд.Истражувајќи со нашите ученици откривме дека 14 Март т.е 1 Март по стар календар и македонското и албанското население го прославуваат.Првите го нарекуваат Летник, и се изработуваат мартинки кои се носат се додека не се види првото расцутено дрво.Вторите пак го празнуваат како ден на пролетта, на

14 МАРТ ЗБЛИЖУВА Read More »

Aктивности во пресрет на Новогодишните празници

Учениците од II б и V б одделение заедно со нивните наставнички Цветанка Љамчевска и Тања Николовска правеа и украсуваа новогодишни колачиња. Креативните, среќни и радосни ученици ги поканија нашите најмали ученици од прво одделение заедно да уживаат и да ја почувствуваат Новогодишната магија.Среќа и радост за сите деца во Новата година.

Aктивности во пресрет на Новогодишните празници Read More »

Обука за стручни соработници

На ден 02.12.2022 Универзитетот од Тетово во соработка со БРО и МОН, одржа обука за стручни соработници на ниво регионот во рамките на проектот за професионален развој на наставниците и стручните соработници. Нашето училиште како домаќин го организираше прием на кој учествуваа 30 педагози, психолози, специјални едукатори од Битола и регионот.

Обука за стручни соработници Read More »