Нашето училиште традиционално се вклучува во еко акцијата “Генералка Викенд” која се организира секоја година на ниво на држава. Оваа година учениците од шесто одделение со одделенските раководители Игор Наумовски и Милена Дестановиќ, со заеднички сили го исчистија училишниот двор, при тоа внимаваа на правилното селектирање на отпадот.









