Обуки на наставници

Обука за наставниците на тема:Меѓуврсничко насилство и кибернасилство

Денес, во нашето училиште се одржа обука за меѓуврсничко насилство и кибернасилство. На обуката присуствуваа и наставници од други основни училишта.

Обука за наставниците на тема:Меѓуврсничко насилство и кибернасилство Read More »

Обука за стручни соработници

На ден 02.12.2022 Универзитетот од Тетово во соработка со БРО и МОН, одржа обука за стручни соработници на ниво регионот во рамките на проектот за професионален развој на наставниците и стручните соработници. Нашето училиште како домаќин го организираше прием на кој учествуваа 30 педагози, психолози, специјални едукатори од Битола и регионот.

Обука за стручни соработници Read More »

Интерна обука за наставници од предметна настава на тема: „Надареност, Креативност, Талент“

На ден 27.06.2019 год. во нашето училиште се одржа интерна обука на тема: „Надареност, креативност, талент“. Обуката ја реализираше психологот на училиштето Теодора Трифуновска. На  обуката присуствуваа 19 наставници од предметна настава. Обуката имаше за цел да ги прилагоди знаењата на наставниците на оваа тема за да можат успешно да ги идентификуваат овие ученици, како

Интерна обука за наставници од предметна настава на тема: „Надареност, Креативност, Талент“ Read More »

Презентација и работилница на тема „Ученичко насилство“

Во соработка со невладината организација Семпер во нашето училиште се одржа работилница со ученици и наставници на Тема: Ученичко насилство. Наставниците и учениците следеа презентација во која беа застапени различни форми на насилство. Учениците и наставниците заеднички работеа на активности и предлагаа можни решенија за превенција на меѓуврсничко насилство.

Презентација и работилница на тема „Ученичко насилство“ Read More »

Интерна обука на тема: Изработка на индивидуален образовен план за децата со посебни образовни потреби

На 16.01.2019 година во нашето училиште се одржа интерна обука на тема: Изработка на индивидуален образовен план за децата со посебни образовни потреби со наставници од предметна и одделенска настава. Обуката ја спроведе училишниот психолог Теодора Трифуновска. Целта на оваа обука беше наставниците да се запознаат со ИОП како основен документ за прилагодување на наставните програми за учениците со

Интерна обука на тема: Изработка на индивидуален образовен план за децата со посебни образовни потреби Read More »

Обука за посебни образовни потреби на децата со лесна интелектуална попреченост

На ден 04.06.2018 год. во просториите на училиштето се одржа интерна обука за наставниците од одделенска и предметна настава на тема: Посебни образовни потреби на децата со лесна интелектуална попреченост, реализирана од наставниците Слободан Ристевски и Мирјана Пачовска.

Обука за посебни образовни потреби на децата со лесна интелектуална попреченост Read More »