🪵Преработка на дрво🪵

Едукативна посета во блиската пилана, беше реализирана од страна на учениците при ПУ- с.Трново.

👩‍🏫 Посетата беше направена со цел учениците да имаат конкретна претстава за целосната постапка при обработката на дрво, што претставува дел од наставниот предмет Техничко образование.📖 Воедно, од страна на домаќините, темелно и детално беше презентиран процесот на обработка на дрвото, машините со кои се обработува, а исто така беше јасно нагласена важноста на планската сеча на дрвјата.🌲🌳🌲🌳 Испраќаме срдечна благодарност за нивното гостопримство.😊

Одделенски наставници

Марија Цветановска

Весна Талевска