trifunpanovski-bitola

Велигденски хуманитарен концерт

На ден 19.05.2015, Хуманитарната организација „Утешител“  во Центарот за Култура во Битола организира хуманитарен концерт во кој  учествуваа хорот и оркестарот на нашето училиште.

Велигденски хуманитарен концерт Read More »

3D филм и еко квиз за чиста животна средина

Учениците од ОУ „Д-р Трифун Пановски“ од I – IV одд. во EKO автобусот заедно со Ивце го проследија 3D  филмот и еко квиз – чување на чиста животна средина.

3D филм и еко квиз за чиста животна средина Read More »

Одбележување на Денот на Европа, 09 Мај, 2015

По повод овој ден на плоштадот Магнолија беа поставени штандови на кои учениците од основните училишта, меѓу кои и нашето училиште, ги претставија државите-членки на ЕУ. Нашето училиште го претставуваше Обединетото Кралство.

Одбележување на Денот на Европа, 09 Мај, 2015 Read More »

Ден на акција на еко-училиштата од целиот свет

Програмата Еко-училиште е интернационална програма на Фондацијата за еколошка едукација (ФЕЕ) која се спроведува во 57 земји од целиот свет. Таа е насочена кон менаџирање на воспитно-образовните институции на начин кој не ѝ наштетува на животната средина. Во Република Македонија, Здружението на граѓани ОХО е национален координатор на програмата Еко-училиште и истата, во соработка со МОН, се спроведува како дел од Програмата  „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“. ФЕЕ, по четврти пат, го организира светскиот  „Ден на акција“ на меѓународно ниво за сите училишта кои ја спроведуваат оваа програма. Оваа година за Светскиот ден на акција ги покануваме учениците  да запеат за одржлив свет. Секоја земја може да испрати по еден национален победник  кој ќе земе учество во интернационален натпревар за најдобро музичко видео  наречен  „Следната генерација“ (International music video competition – “GENERATION NEXT“) и да освои 600, 400 или 200 € за прво, второ или трето место. Главната цел е да се направи видео за песната „Следната генерација“ , која е создадена од ФЕЕ Норвешка, организација која ја спроведува програмата Еко училиште во Норвешка.

Ден на акција на еко-училиштата од целиот свет Read More »

1-ви Април Ден на шегата

По повод 1-ви Април Денот на шегата, учениците од ОУ„Д-р Трифун Пановски“ –  Битола изработија креативни маски направени заедно со нивните наставници. Смеењето го продолжува животот, ние ја негуваме смислата за хумор кај нашите ученици.

1-ви Април Ден на шегата Read More »

Заеднички активности на двете училишта ОУ„Д-р Трифун Пановски“ и ОУ„ Гоце Делчев“ од Битола

Заеднички активности на учениците од ОУ„Д-р Трифун Пановски“ – Битола и ОУ„Гоце Делчев“ – Битола и посета  на Филтерницата во с.Дихово во склоп на проектот „Градиме Мостови“.

Заеднички активности на двете училишта ОУ„Д-р Трифун Пановски“ и ОУ„ Гоце Делчев“ од Битола Read More »

Одбележување на 2 Април – Светски ден на лицата со аутизам

За да се подигне свеста за постоењето на аутизамот, но и што побрзото откривање кај децата, во Битола се одбележа Светскиот ден на аутизмот – 2 Април кој оваа година низ светот се одржува под мотото „Осветлете во сино”. Нашето училиште со свој штанд беше дел од панаѓурот на кој учествуваа деца од неколку основни училишта, а го организираше Здружението на родители на деца со аутизам „Марко Поло Експлорер”. Собраните средства ќе бидат наменети за отворање едукативен центар за деца со аутизам.

Одбележување на 2 Април – Светски ден на лицата со аутизам Read More »

Соработка со брендот за здрава храна Vitalia

Нашето училиште во соработка со брендот за здрава храна Vitalia одржа предавање за правилен начин на исхрана.На предавањето учествуваа 50 ученици од второ до деветто одделение како и дел од вработените во училиштето.Ова е само дел од активностите кои ние како еко училиште ги реализираме за промоција на здравиот животен стил и заштита на животната средина.

Соработка со брендот за здрава храна Vitalia Read More »