Центарот за култура во Битола беше домаќин на првото издание на Фестивалот „Мала школа за краток филм“ при што беа организирани повеќе проекции на краткометражни филмови наменети за младата публика.
Учениците, заедно со наставниците Слободан Ристевски и Анета Груевска беа во посета на фестивалот, при што проследија неколку краткометражни филмови.











