Воннаставни активности

Излет за учениците од II до IX одделение

На ден 09.09.2022 за учениците од второ до деветто одделение беше организиран излет до националниот парк Пелистер, локација Голема ливада. Преку ваквите активности кај учениците се развива интерес кон природата, се запознаваат со природните убавини на нашата татковина, како и се градат вредности за дружење, социјализација, стекнување на нови искуства.Во склоп на програмата за излетот беа планирани бројни активности како пешачење по “Детска патека од Голема до Мала ливада” со што учениците се запознаваа со карактеристиките и знаменитостите на националниот парк Пелистер, но беа одржани и рекреативни активности, спортски натпревари, игри и слично.

Излет за учениците од II до IX одделение Read More »

Новогодишна еуфорија во нашето училиште

Радоста и убавото расположение во училиштата е задолжително. Во ова време на пандемија особено е потребна и важна позитивната мисла, па на иницијатива на одделни наставници заедно со учениците се изработија новогодишни украси кои го красат нашето училиште. Во меѓувреме се осети божиќниот дух помеѓу децата и наставниците и барем за кратко се оддалечија мислите од она што се случува окoлу нас.

Новогодишна еуфорија во нашето училиште Read More »

ДЕЦАТА ЌЕ ГО ЧУВААТ БИОДИВЕРЗИТЕТОТ – Дел II

Обука и инфо ден за учениците од Основното училиште ,,Д-р Трифун Пановски”, ПУ с. Дихово и с. Трново, во рамките на проектот Проценка и конзервација на ендемски и загрозени растителни видови во Националниот Парк Пелистер (Assessment and Conservation of Endemic and Endangered Plant Species at National Park Pelister), финансиран од CEPF – BirdLife International, чиј носител е ДИПОЗ-ФЗНХ (CARPEA) во соработка со НП Пелистер. Преку забавни игри и едукативно предавање од страна на професорките Силвана Манасиевска и Татјана Цебулар Миткова oд Факултетот за земјоделски науки и храна –Скопје , учениците имаа можност да учат за различните растителни видови на Пелистер , кој дел од растението може да се собира , за што се користи, зошто почвата е важен услов за нивниот раст и зошто треба да се грижиме за растенијата.Сите ученици добија скромни подароци и Прирачник за одржливо собирање и мониторинг на растителните видови во Националниот парк Пелистер.

ДЕЦАТА ЌЕ ГО ЧУВААТ БИОДИВЕРЗИТЕТОТ – Дел II Read More »

MEЃУНАРОДЕН ДЕН НА МИРОТ – Еno tree planting day

Традиционално секоја година учениците од ПУ c.Трново го одбележуваат Меѓународниот ден на мирот со засадување на локални растенија . Оваа година активноста со малите дечиња е садење на цвеќиња, декоративни растенија и запознавање и мотивирање на младите да ја засакаат природата, екологијата, да развијат висока еколошка свест, и секако љубов понатаму кон природата.

MEЃУНАРОДЕН ДЕН НА МИРОТ – Еno tree planting day Read More »

“ДВИЖЕТЕ СЕ ОДРЖЛИВО, ОСТАНЕТЕ ЗДРАВИ” – IV А, IV Б и V Б

Учениците од IVа, IVб и Vб одд. заедно со нивните наставнички Лилјана Николовска, Тања Николовска и Цветанка Љамчевска по повод одбележувањето на светската недела на мобилност 2021г. подготвија низа активности под мотото “ДВИЖЕТЕ СЕ ОДРЖЛИВО, ОСТАНЕТЕ ЗДРАВИ”. Овие активности ги реализираа во рамките на програмските активности на мрежата „Вело Училишта“ и во рамките на програмските активности на „Програма за унапредување на образованието за животна средина и климатски промени“ поддржана од УНИЦЕФ и Шведската Агенција за Меѓународна Соработка (SIDA).

“ДВИЖЕТЕ СЕ ОДРЖЛИВО, ОСТАНЕТЕ ЗДРАВИ” – IV А, IV Б и V Б Read More »

Одбележување на 20-ти Ноември – Меѓународниот ден на детето во ПУ с. Трново

Секоја година, 20 Ноември нè потсетува дека „човештвото мора да им го даде на децата најдоброто што може да го обезбеди“. Овој ден се одбележува со цел да се насочи вниманието на јавноста на сите обврски кои општеството ги има кон децата, како и на најважните проблеми со кои децата се соочуваат. Поради условите со пандемијата ,оваа година учениците од ПУ с. Трново скромно го одбележаа овој ден со неколку активности : 1.ЦРТАЊЕ НА ПЛОЧНИКОТ- учениците со креди во боја цртаа на плочникот убави, весели и креативни цртежи по слободен избор и со своите творби ја изразија својата креативност и фантазија. Цртежите беа наменети за децата од целиот свет да имаат топол дом, да живеат слободно и во мир , да имаат многу љубов , насмевки и цвеќе. 2.ПИШУВАЊЕ ПОРАКИ – Што ќе им посакам на децата од целиот свет ?- на хартија во боја учениците пишуваа пораки , со кои на сите деца им посакакуваа бескрајна љубов , многу среќа , грст бакнежи и топли поздрави , ни едно дете да не е малтретирано и злоупотребувано, да не е гладно ,да се бори за своите права. 3.СРЦЕ ОД НАС ЗА ВАС – активност во која учениците изрежаа срце и го декориираа со нивните рачиња. Со меѓусебен заеднички договор избираа што е најважно да имаат имаат децата во светот и се одлучија дека на децата треба да им се пружи многу љубов за да имаат весел, среќен детски свет. Нивното мото ,,ЗА СИТЕ ДЕЦА ДА БИДЕ ЉУБОВ “ го запишаа на срцето , а пишаните пораки ги врзаа за балони и ги пуштија кон небото. Одд. наставници : Ленче Илиевска и Магделина Стоилковиќ

Одбележување на 20-ти Ноември – Меѓународниот ден на детето во ПУ с. Трново Read More »

Работилница на тема „Ненасилна комуникација“ за учениците од VI и VII одд.

На ден 10.03.2020 год. психологот Теодора Трифуновска и педагогот Мери Атанасовска со учениците од VI и VII одд. работеа на една битна и актуелна тема „Ненасилна комуникација“. Со оглед на тоа дека булингот и насилното однесување се почеста појава во училиштата битно е да се обрни внимание на теми кои ќе ги научат децата да ги решаваат проблемите на конструктивен и ненасилен начин, преку успешни техники за комуникација и градење вештини за соработка и тимска работа.

Работилница на тема „Ненасилна комуникација“ за учениците од VI и VII одд. Read More »

Мартинки

Мартинка – висулец од засукани конци кои се ставаат на 1 март за здравје. Се изработува од волнено или памучно предиво во 2 бои црвена-крв, живот; бела- чистота , здравје. Според традицијата нашите наставнички со нивните ученици од IIа, IIб, IIIб и Vб одделение изработија заеднички мартинки и ги запознаа учениците со традицијата и обичаите. Мартинки – ОУ„Д-р Трифун Пановски“ – Битола

Мартинки Read More »

Ноќ пред Нова Година

Новогодишна магија во една училница, една желба, еден филм и многу забава, игра, песни и неповторливи мигови на среќа, насмеани обравчиња и исполнети срца на учениците и наставниците од подрачните училишта во с. Трново, Дихово и Брусник.

Ноќ пред Нова Година Read More »