Воннаставни активности

🐦💙Помош на животните 🐦💙

Предметот Техничко образование интегриран со Секцијата- Градинарство. Учениците од ПУ с.Трново изработија предмети од дрво, што всушност претставува дел од наставната содржина по предметот Техничко образование и ги поставија во школскиот двор. Освен што ќе го разубавуваат дворот, воедно ќе бидат дом или хранилка за малите пријатели, птиците 🐦🕊🐦 Одделенски наставникМарија Цветановска

🐦💙Помош на животните 🐦💙 Read More »

Велигденски активности во ПУ с.Дихово

Ден исполнет со насмевки, песни и радост кај учениците и бабите во с.Дихово. Вредните дечиња им подарија на бабите изработки изработени од нивните вредни рачиња и со песна им го честитаа големиот христијански празник Велигден. Одделенски наставник Елизабета Лавуровска

Велигденски активности во ПУ с.Дихово Read More »

“Сончев систем” во убавото с.Трново

Денот на шегата ПУ с.Трново го одбележа со групна маска ,,Сончев систем”.Учениците имаа прилика со едукативно видео за Сончевиот систем да се запознаат со секоја планета и небесно тело поединечно, односно со маската која ја имаа на себе.Денот продолжи во забавна прошетка низ Трново, исполнета со многу смеа, радост и сончевина. Одделенски наставници: Марија ЦветановскаВесна Талевска

“Сончев систем” во убавото с.Трново Read More »

14 МАРТ ЗБЛИЖУВА

МИО работилница на учениците од IIIб и IVб одд.Истражувајќи со нашите ученици откривме дека 14 Март т.е 1 Март по стар календар и македонското и албанското население го прославуваат.Првите го нарекуваат Летник, и се изработуваат мартинки кои се носат се додека не се види првото расцутено дрво.Вторите пак го празнуваат како ден на пролетта, на кој ден одат од куќа во куќа ја пеат песната “Циу циу” и носат гранчиња од дрен, а за возврат добиваат јајце.Ние сите заедно истраживме научивме и си изработивме мартинки.Весели со насмевка на лицето научивме дека 14 март зближува. Одделенски наставници: Ленче Илиевска Ирена Николовска

14 МАРТ ЗБЛИЖУВА Read More »

Aктивности во пресрет на Новогодишните празници

Учениците од II б и V б одделение заедно со нивните наставнички Цветанка Љамчевска и Тања Николовска правеа и украсуваа новогодишни колачиња. Креативните, среќни и радосни ученици ги поканија нашите најмали ученици од прво одделение заедно да уживаат и да ја почувствуваат Новогодишната магија.Среќа и радост за сите деца во Новата година.

Aктивности во пресрет на Новогодишните празници Read More »

Подрачните училишта од Трново и Дихово дел од Меѓународниот настан ENO LIGHT FOR PEACE

Учениците од Подрачните училишта од Трново и Дихово го одбележаа прекрасениот годишен настан ENO ART – LIGHT FOR PEACE и беа дел од ENO – teacher од целиот свет. Учениците под менторство на нивните наставници, изработија светилки – фенери и заедно со училиштата и децата ширум светот ги вклучија светилките за мир и направија синџир од светлина што ќе го прегрне светот и донесе светлина на сите луѓе кои страдаат. Дури и кога е темно ние најдовме начин да ги осветлиме нашите срца !!! Одделенски наставници: Ленче Илиевска Бистра Костовска Елизабета Лавуровска Валентин Талевски

Подрачните училишта од Трново и Дихово дел од Меѓународниот настан ENO LIGHT FOR PEACE Read More »

Излет за учениците од прво одделение

Учениците од прво одделение од ОУ „Д-р Трифун Пановски“ – Битола на ден 09.09.2022 година реализираа вон-наставна активност, излет во паркот Стив Наумов. Целта на излетот беше развивање интерес за природата и градење еколошки навики, развивање интерес за спортски активности , рекреација и создавање навики за здраво живеење. Излетот беше реализиран како заедничка активност меѓу учениците, наставниците и родителите.

Излет за учениците од прво одделение Read More »