Секоја година, 20 Ноември нè потсетува дека „човештвото мора да им го даде на децата најдоброто што може да го обезбеди“.
Овој ден се одбележува со цел да се насочи вниманието на јавноста на сите обврски кои општеството ги има кон децата, како и на најважните проблеми со кои децата се соочуваат.
Поради условите со пандемијата ,оваа година учениците од ПУ с. Трново скромно го одбележаа овој ден со неколку активности :
1.ЦРТАЊЕ НА ПЛОЧНИКОТ- учениците со креди во боја цртаа на плочникот убави, весели и креативни цртежи по слободен избор и со своите творби ја изразија својата креативност и фантазија. Цртежите беа наменети за децата од целиот свет да имаат топол дом, да живеат слободно и во мир , да имаат многу љубов , насмевки и цвеќе.
2.ПИШУВАЊЕ ПОРАКИ – Што ќе им посакам на децата од целиот свет ?- на хартија во боја учениците пишуваа пораки , со кои на сите деца им посакакуваа бескрајна љубов , многу среќа , грст бакнежи и топли поздрави , ни едно дете да не е малтретирано и злоупотребувано, да не е гладно ,да се бори за своите права.
3.СРЦЕ ОД НАС ЗА ВАС – активност во која учениците изрежаа срце и го декориираа со нивните рачиња. Со меѓусебен заеднички договор избираа што е најважно да имаат имаат децата во светот и се одлучија дека на децата треба да им се пружи многу љубов за да имаат весел, среќен детски свет. Нивното мото ,,ЗА СИТЕ ДЕЦА ДА БИДЕ ЉУБОВ “ го запишаа на срцето , а пишаните пораки ги врзаа за балони и ги пуштија кон небото.
Одд. наставници : Ленче Илиевска и Магделина Стоилковиќ




















