Новогодишна еуфорија во нашето училиште

Радоста и убавото расположение во училиштата е задолжително. Во ова време на пандемија особено е потребна и важна позитивната мисла, па на иницијатива на одделни наставници заедно со учениците се изработија новогодишни украси кои го красат нашето училиште.

Во меѓувреме се осети божиќниот дух помеѓу децата и наставниците и барем за кратко се оддалечија мислите од она што се случува окoлу нас.