Еко караван во нашето училиште
Учениците од прво до петто одделение учеа за селекција и рециклирање на отпад низ магичн
Еко караван во нашето училиште Read More »
Учениците од прво до петто одделение учеа за селекција и рециклирање на отпад низ магичн
Еко караван во нашето училиште Read More »
Учениците од нашето училиште од III – IX одд. денот го поминаа на Голема ливада – Пелистер со цел запознавање со карактеристиките на Националниот парк Пелистер, развивање на интерес за природата, рекреација, социјализација, стекнување на искуство за осамостојување и грижа за себе.
Есенски еднодневен излет 06.09.2018 год. Read More »
Учениците од I и II одд. на ден 07.09.2018 год. отидоа во блискиот парк Стив Наумов каде заедно се дружеа, играа, другаруваа и меѓусебно се запознаваа. Излетот беше реализиран како заедничка активност меѓу наставниците, учениците и родителите.
Излет на учениците од прво и второ одделение Read More »
На ден 04.06.2018 год. во просториите на училиштето се одржа интерна обука за наставниците од одделенска и предметна настава на тема: Посебни образовни потреби на децата со лесна интелектуална попреченост, реализирана од наставниците Слободан Ристевски и Мирјана Пачовска.
Обука за посебни образовни потреби на децата со лесна интелектуална попреченост Read More »
Меѓународниот математички натпревар „Кенгур“ годинава се одржа на 15 Март. Нашето училиште беше дел од натпреварот со вкупно 62 ученици – натпреварувачи, од I до IX одделение. Ова беше голем настан за првооделенците како нивен прв натпревар, но затоа тие беа подеднакво сериозни како и останатите ученици кои веќе имаат неколкугодишно искуство. Натпреварот помина во одлична работна атмосфера и се надеваме на многу освоени награди.
Ученичката заедница овозможува учениците да бидат активно вклучени во училишниот живот, да го искажат своето мислење и самостојно да ги решаваат проблемите поврзани со нивниот живот и работа во училиштето. Со мото „ RESPECT DIFFRENCES AGAINST DISCRIMINATIONS „ членовите на Ученичката зедница имаа работилница од областа на правата на децата – “ ДИСКРИМИНАЦИЈА“
Поддршка на работата на ученичката заедница при ОУ „ Д-р Трифун Пановски“ – Битола Read More »
Сојузот за грижи и воспитување на децата на Македонија во соработка со Министерството за труд и социјална политика, секоја година, веќе неколку децении е носител на активностите поврзани со ДЕТСКАТА НЕДЕЛА во Р. Македонија, која се одбележува во сите држави членки на ООН во првата полна недела од месецот октомври. Оваа година почетокот на Детската недела беше на ден 02 Октомври 2017 година. За оваа година мотото врз која база беше водена манифестацијата Детска недела е: Во нашиот свет сите сме еднакви! Децата се нашето најголемо богатство, нашата гордост, нашата радост и нашата иднина. Сите деца имаат еднакви права и на сите треба да им се даде неопходната поддршка и овозможат еднакви можности.Одговорноста за децата е на целата заедница, на сите нас. Светот останува на децата и претставува предизвик да ги научиме да ги спознаат вистинските вредности во животот и да им дадеме сила да истраат и да успеат во овој свет. По повод Денот на приемот на првачињата во Детската организација, на ден 06.10.2017 год. беше организирана културно уметничка програма во чии рамки се прочита детското ветување кое стои на последната страна од детскиот пасош и им беа доделени беџовите на учениците. На крај на приредбата на првачињата им беше доделен пригоден поклон.