Свечен прием на првачињата од ОУ „ Д-р Трифун Пановски“ – Битола во Детската организација

Сојузот за грижи и воспитување на децата на Македонија во соработка со Министерството за труд и социјална политика, секоја година, веќе неколку децении е носител на активностите поврзани со ДЕТСКАТА НЕДЕЛА во Р. Македонија, која се одбележува во сите држави членки на ООН во првата полна недела од месецот октомври. Оваа година почетокот на Детската недела беше на ден 02 Октомври 2017 година.

      За оваа година мотото врз која база беше водена манифестацијата Детска недела е: Во нашиот свет сите сме еднакви!

     Децата се нашето најголемо богатство, нашата гордост, нашата радост и нашата иднина. Сите деца имаат еднакви права и на сите треба да им се даде неопходната поддршка и овозможат еднакви можности.
Одговорноста за децата е на целата заедница, на сите нас. Светот останува на децата и претставува предизвик да ги научиме да ги спознаат вистинските вредности во животот и да им дадеме сила да истраат и да успеат во овој свет.

     По повод Денот на приемот на првачињата во Детската организација, на ден 06.10.2017 год. беше организирана културно уметничка програма во чии рамки се прочита детското ветување кое стои на последната страна од детскиот пасош и им беа доделени беџовите на учениците. На крај на приредбата на првачињата им беше доделен пригоден поклон.