trifunpanovski-bitola

Еко акција „Дај свој придонес, засади дрво“

На иницијатива на компанијата Интерворкс од Битола денес во градскиот парк  се одржа по втор пат акцијата „Дај свој придонес засади дрво“, акција со која што треба да се засадат околу 10 илјади садници на ниво на општина Битола.  Акцијата ја почнаа мината година со цел да се создадат подобри услови за живот. Иницијативата беше […]

Еко акција „Дај свој придонес, засади дрво“ Read More »

Презентација и работилница на тема „Ученичко насилство“

Во соработка со невладината организација Семпер во нашето училиште се одржа работилница со ученици и наставници на Тема: Ученичко насилство. Наставниците и учениците следеа презентација во која беа застапени различни форми на насилство. Учениците и наставниците заеднички работеа на активности и предлагаа можни решенија за превенција на меѓуврсничко насилство.

Презентација и работилница на тема „Ученичко насилство“ Read More »

Интерна обука на тема: Изработка на индивидуален образовен план за децата со посебни образовни потреби

На 16.01.2019 година во нашето училиште се одржа интерна обука на тема: Изработка на индивидуален образовен план за децата со посебни образовни потреби со наставници од предметна и одделенска настава. Обуката ја спроведе училишниот психолог Теодора Трифуновска. Целта на оваа обука беше наставниците да се запознаат со ИОП како основен документ за прилагодување на наставните програми за учениците со

Интерна обука на тема: Изработка на индивидуален образовен план за децата со посебни образовни потреби Read More »

Новогодишна приредба Iб одделение „Дојди, дојди Дедо Мраз“ 

Учениците со песнички и стихотворби со новогодишна содржина на присутните им ја честитаа Новата година. Изненадување (од наставничката во соработка со родителите) за учениците беше доаѓањето на Дедо Мраз кој им подари поклончиња. Среќата, радоста и искрените детски насмевки огромно задоволство за наставничката, родителите и присутните гости.

Новогодишна приредба Iб одделение „Дојди, дојди Дедо Мраз“  Read More »

Новогодишна приредба и Новогодишен базар во ПУ с.Дихово

„Како доаѓа Дедо Мраз” – Новогодишна приредба на учениците во подрачното училиште во с. Дихово со која им посакаа среќна Нова година на родителите и локалното население збогатена со Новогодишен базар на кој беа застапени украси и храна во духот на празниците што доаѓаат, изработени од вредните раце на учениците, родителите и наставничките.

Новогодишна приредба и Новогодишен базар во ПУ с.Дихово Read More »

Новогодишно фестивалче и Новогодишен базар во ПУ с.Трново

По повод новогодишните празници , на 28.12.2018 год. во просториите на Подрачното училиште во село Трново се одржа Новогодишно фестивалче. На самиот настан водителот ги најавуваше учениците од прво, второ и трето одделение кои се претставија со музички песнички со новогодишна содржина и истите имаа натпреварувачки карактер. На огромно задоволство беше дочекан Дедо Мраз кој

Новогодишно фестивалче и Новогодишен базар во ПУ с.Трново Read More »

Новогодишен базар – 2018 год.

По повод новогодишните празници, во нашето училиште се организира Новогодишен базар, каде учениците заедно со своите родители и наставници  изработија новогодишни украси и храна кои беа продавани на базарот.

Новогодишен базар – 2018 год. Read More »

Во посета на Домот за стари лица СЈУ Рајдер од Битола

Учениците од IIб, IVб, и Vб одд. беа гости во домот за стари лица СЈУ Рајдер Битола и сите заедно им ги честитаа Новогодишните празници и им посакаа долг и среќен живот.

Во посета на Домот за стари лица СЈУ Рајдер од Битола Read More »