trifunpanovski-bitola

Мартинки

Мартинка – висулец од засукани конци кои се ставаат на 1 март за здравје. Се изработува од волнено или памучно предиво во 2 бои црвена-крв, живот; бела- чистота , здравје. Според традицијата нашите наставнички со нивните ученици од IIа, IIб, IIIб и Vб одделение изработија заеднички мартинки и ги запознаа учениците со традицијата и обичаите. Мартинки – ОУ„Д-р Трифун Пановски“ – Битола

Мартинки Read More »

Ноќ пред Нова Година

Новогодишна магија во една училница, една желба, еден филм и многу забава, игра, песни и неповторливи мигови на среќа, насмеани обравчиња и исполнети срца на учениците и наставниците од подрачните училишта во с. Трново, Дихово и Брусник.

Ноќ пред Нова Година Read More »

Предавање за учениците од VIII одд. на тема:Превенција од злоупотреба на дрога, алкохол и пиротехнички средства

На 19.12.2019 година во нашето училиште беше одржана презентација за учениците од VIII одделение на тема: Превенција од злоупотреба на дрога, алкохол и пиротехнички средства од страна на претставници од СВР Битола. Оваа тема е актуелна за учениците и им укажува на несаканите дејства и последици од злоупотребата на овие супстанци. Учениците проследија и неколку кратки видеа кои потоа се анализираа и се дискутираше, за децата низ пример да разберат колку негативни последици по животот на луѓето имаат пороците.

Предавање за учениците од VIII одд. на тема:Превенција од злоупотреба на дрога, алкохол и пиротехнички средства Read More »

Одбележан Меѓународниот ден на лицата со попреченост

На ден 03.12.2019 година, со дефиле на Широк Сокак беше одбележан Меѓународниот ден на лицата со попреченост. Дел од нашите ученици заедно со наставникот Слободан Ристевски зедоа учество на настанот. Децата пуштаа разнобојни балони како симбол на мотото „ОБОИМЕ ВО ПРИЈАТЕЛ“.

Одбележан Меѓународниот ден на лицата со попреченост Read More »

Light for the Earth

Учество во глобалниот настан Light for the Earth на учениците од Vб одд. од централното училиште и подрачните училишта од с. Дихово и с. Трново заедно со наставничките Ирена Николовска, Бистра Костовска, Ленче Илиевска и Елизабета Лавуровска. Учениците изработија и декорираа фенери и напишаа писма, стихотворби и пораки посветени на планетата Земја преку кои ги искажаа своите размислувања, чувстваа и желби поврзани со климатските промени и нивните последици и визиите за иднината што ги очекува со цел нивниот глас и нивните чувства да се слушнат глобално. Фенерите беа прикачени во училишните дворови со пропратно читање на ученичките творби во 18:00, на 29.11.2019год.

Light for the Earth Read More »

Pop-up фестивал во ПУ с.Дихово

Подрачното училиште во с. Дихово-домаќин на првиот Pop-up фестивал во нашето училиште, како дел од глобалната прослава на Денот на детето, 20 Ноември, заедно со 1.5 милиони деца и возрасни ширум светот. Учениците и наставничките од с. Дихово, Трново и Кременица преку едукативно-забавни активности и игри чија цел е развој на емоционалната интелегенција, соработката и емпатијата, учеа, другаруваа, се радуваа и забавуваа, исполнувајќи ја целта на фестивалот-преку игра и развивање на ЕИ до посветла иднина.

Pop-up фестивал во ПУ с.Дихово Read More »

Работилница за видови насилно однесување и булинг

Во склоп на програмата за справување со насилно однесување што училиштето ја реализира беше спроведена работилница за насилство, видови насилно однесување и булинг во училиште. Училишниот психолог разговарше на овие теми со учениците од VI одд. како и за нивните искуства со булинг во нашето училиште. Со цел успешно справување со булингот како негативна појава во училиште, педагошко – психолошката служба спроведува анкета на оваа тема со учениците од  VI – IX одд., со помош на која ќе се детектира видот и зачестеноста на појава на овај вид насилно однесување во нашето училиште и врз основа на добиените податоци ќе се подобри стратегијата на училиштето за справување со булингот и другите видови на насилно однесување, бидејќи наш приоритет е секој ученик да се чуствува пријатно и сигурно во своето училиште.

Работилница за видови насилно однесување и булинг Read More »

Посета на Државниот архив на Република Македонија

Учениците од деветто одделение, заедно со наставничките Робертина Петровска Герасовска и Светлана Мирчевска беа во посета на Државниот архив на Република Македонија, при што се запознаа со дејноста на архивот и неговата улога во нашата држава. Од различните фондови кои се наоѓаат таму, учениците имаа можност поблиску да се запознаат со фондот на браќата Манаки, нивната фотографска дејност и опрема.

Посета на Државниот архив на Република Македонија Read More »

Посета на фестивалот „Мала школа за краток филм“

Центарот за култура во Битола беше домаќин на првото издание на Фестивалот „Мала школа за краток филм“ при што беа организирани повеќе проекции на краткометражни филмови наменети за младата публика. Учениците, заедно со наставниците Слободан Ристевски и Анета Груевска беа во посета на фестивалот, при што проследија неколку краткометражни филмови.

Посета на фестивалот „Мала школа за краток филм“ Read More »

Работилница на тема:”NO”- to online extremism and radicalization

Денес, 10.10.2019 година во нашето училиште се одржа работилница на тема: “Не за онлајн екстремизам и радикализација„. Работилницата ја организираа наставничката по англиски јазик Јулијана Георгиевска Златевска од ОУ„Крсте Петков Мисирков“ од Бистрица и инспекторката од СВР Битола Севги Фејзуловска, во соработка со наставничката по англиски јазиик од нашето училиште Татјана Трајковска и психологот Теодора Трифуновска. На работилницата учествуваа ученици од VIII и IX одд. од двете училишта. Целта беше учениците како да препознаат лажна и вистинска вест на интернет. Голема благодарност за соработката до наставничката Јулијана Георгиевска Златевска и инспекторката Севги Фејзуловска.

Работилница на тема:”NO”- to online extremism and radicalization Read More »