На 21.05.2019 год. во ПУ с. Трновци се одржа 7-от ,,Велигденски Собир “ за Меѓуетничка интеграција во образованието со тема ,, Народни приказни и хумористични песни “ . Учениците од ПУ с. Трново учествува со хумористичната песна ,,Куќа имам на Пелистер”. На манифестацијата имаше Ликовен конкурс на тема „ ХУМОРИСТИЧНИ ЛИКОВИ И НАСТАНИ ОД НАРОДНОТО ТВОРЕШТВО “, каде сите ученици добија благодарница за учество, а ученичката Емилија Стерјовска освои диплома за освоено второ место. Организаторот на манифестацијата , им додели Благодарници на одделенскиот наставник Ленче Илиевска и директорот Пецо Димовски за учество ,придонес и поддршка на седмиот Велигденски Собир.













