Интерна обука за наставници од предметна настава на тема: „Надареност, Креативност, Талент“

На ден 27.06.2019 год. во нашето училиште се одржа интерна обука на тема: „Надареност, креативност, талент“. Обуката ја реализираше психологот на училиштето Теодора Трифуновска. На  обуката присуствуваа 19 наставници од предметна настава. Обуката имаше за цел да ги прилагоди знаењата на наставниците на оваа тема за да можат успешно да ги идентификуваат овие ученици, како и да ги прилагодуваат планирањата и наставата за овие ученици.