Воннаставни активности

„ КЕНГУР 2018 “

Меѓународниот математички натпревар „Кенгур“ годинава се одржа на 15 Март. Нашето училиште беше дел од натпреварот со вкупно 62 ученици – натпреварувачи, од I до IX одделение. Ова беше голем настан за првооделенците како нивен прв натпревар, но затоа тие беа подеднакво сериозни како и останатите ученици кои веќе имаат неколкугодишно искуство. Натпреварот помина во одлична работна атмосфера и се надеваме на многу освоени награди.

„ КЕНГУР 2018 “ Read More »

Поддршка на работата на ученичката заедница при ОУ „ Д-р Трифун Пановски“ – Битола

Ученичката заедница овозможува учениците да бидат активно вклучени во училишниот живот, да го искажат своето мислење и самостојно да ги решаваат проблемите поврзани со нивниот живот и работа во училиштето. Со мото „  RESPECT DIFFRENCES  AGAINST DISCRIMINATIONS „ членовите на Ученичката зедница имаа работилница од областа на правата на децата – “ ДИСКРИМИНАЦИЈА“

Поддршка на работата на ученичката заедница при ОУ „ Д-р Трифун Пановски“ – Битола Read More »

Свечен прием на првачињата од ОУ „ Д-р Трифун Пановски“ – Битола во Детската организација

Сојузот за грижи и воспитување на децата на Македонија во соработка со Министерството за труд и социјална политика, секоја година, веќе неколку децении е носител на активностите поврзани со ДЕТСКАТА НЕДЕЛА во Р. Македонија, која се одбележува во сите држави членки на ООН во првата полна недела од месецот октомври. Оваа година почетокот на Детската недела беше на ден 02 Октомври 2017 година.       За оваа година мотото врз која база беше водена манифестацијата Детска недела е: Во нашиот свет сите сме еднакви!      Децата се нашето најголемо богатство, нашата гордост, нашата радост и нашата иднина. Сите деца имаат еднакви права и на сите треба да им се даде неопходната поддршка и овозможат еднакви можности.Одговорноста за децата е на целата заедница, на сите нас. Светот останува на децата и претставува предизвик да ги научиме да ги спознаат вистинските вредности во животот и да им дадеме сила да истраат и да успеат во овој свет.      По повод Денот на приемот на првачињата во Детската организација, на ден 06.10.2017 год. беше организирана културно уметничка програма во чии рамки се прочита детското ветување кое стои на последната страна од детскиот пасош и им беа доделени беџовите на учениците. На крај на приредбата на првачињата им беше доделен пригоден поклон.

Свечен прием на првачињата од ОУ „ Д-р Трифун Пановски“ – Битола во Детската организација Read More »

“ САДНИЦА ПЛУС “

ОУ “ Д-р. Трифун Пановски“ – Битола ја спроведе акцијата „ Садница плус“ како дел од акцијата „ Ден на дрвото – засади ја својата иднина“. Со акцијата „ Садница плус“ беше засаден семенски материјал – семе од ела, од страна на учениците во нашето училиште.

“ САДНИЦА ПЛУС “ Read More »

По повод светскиот ден на децата со Аутизам нашите ученици зедоа учество на манифестацијата која што се одржа на плоштадот Магнолија

По повод светскиот ден на децата со Аутизам нашите ученици зедоа учество на манифестацијата која што се одржа на плоштадот Магнолија Read More »

Празнично украсување на училниците во нашето училиште ОУ „ Д-р. Трифун Пановски „ по повод Велигденските празници

Во пресрет на Велигденските празници во нашето училиште е весело и празнично. Од куп хартија наставниците во одделенска настава направија прекрасни украси кои ги разубавија нашите училници.

Празнично украсување на училниците во нашето училиште ОУ „ Д-р. Трифун Пановски „ по повод Велигденските празници Read More »

ВЕЛИГДЕНСКИ БАЗАР 2017

По повод ВЕЛИГДЕНСКИТЕ ПРАЗНИЦИ ОУ „ Д-р. Трифун Пановски“ – Битола на ден 12.04.2017год традиционално организираше ВЕЛИГДЕНСКИ БАЗАР. Во холот на училиштето на штандови беа изложени разни креативни изработки од учениците, родителите и наставниците.

ВЕЛИГДЕНСКИ БАЗАР 2017 Read More »