Воннаставни активности

На ОУ Д-р Трифун Пановски – Битола за освоено I (прво) место на поетското читање по повод Патрониот празник на ОУ “Ѓорѓи Сугарев”- Битола

На ОУ Д-р Трифун Пановски – Битола за освоено I (прво) место на поетското читање по повод Патрониот празник на ОУ “Ѓорѓи Сугарев”- Битола Read More »

Учество на најголемиот глобален час

Учениците од Ученичката заедница заедно со училишниот психолог учествуваа на најголемиот глобален час на кој беа промовирани „Глобалните цели за одржлив развој 2015-2030“ кои ги усвои Генералното Собрание на Обединетите Нации, со поддршка на УНЕСКО и УНИЦЕФ. Овие 17 Глобални цели се однесуваат на теми битни за општественото живеење како образование, здравство, намалување на сиромаштијата, справување со климатските промени и сл. По одржувањето на часот и дискусијата за важноста на овие цели, учениците изготвија промотивен постер со кој ќе придонесат за популаризација на оваа иницијатива кај другите ученици, родители и настваници.

Учество на најголемиот глобален час Read More »

Еко хепенинг (26.05/15), ОУ “Д-р Трифун Пановски” – Битола

Денес во градскиот парк во Битола се случи голем Еко Хепенинг под мотото “Од мали нозе со големи чекори за Битола”. Настанот го организираше невладината организација Биосфера во соработка со основните и средните училишта од Битола. Главната цел на Еко хепенингот покрај одбележувањето на Меѓународниот ден на биодиверзитетот, беше и подигнување на свеста кај најмладите за заштита на животната средина. На настанот низ активности од забавно едукативен карактер, најмладите од сите основни и средни училишта од Битола, пренесоа пораки за заштита на животната средина и унапредување на биолошката разновидност.

Еко хепенинг (26.05/15), ОУ “Д-р Трифун Пановски” – Битола Read More »

Велигденски хуманитарен концерт

На ден 19.05.2015, Хуманитарната организација „Утешител“  во Центарот за Култура во Битола организира хуманитарен концерт во кој  учествуваа хорот и оркестарот на нашето училиште.

Велигденски хуманитарен концерт Read More »

3D филм и еко квиз за чиста животна средина

Учениците од ОУ „Д-р Трифун Пановски“ од I – IV одд. во EKO автобусот заедно со Ивце го проследија 3D  филмот и еко квиз – чување на чиста животна средина.

3D филм и еко квиз за чиста животна средина Read More »

Ден на акција на еко-училиштата од целиот свет

Програмата Еко-училиште е интернационална програма на Фондацијата за еколошка едукација (ФЕЕ) која се спроведува во 57 земји од целиот свет. Таа е насочена кон менаџирање на воспитно-образовните институции на начин кој не ѝ наштетува на животната средина. Во Република Македонија, Здружението на граѓани ОХО е национален координатор на програмата Еко-училиште и истата, во соработка со МОН, се спроведува како дел од Програмата  „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“. ФЕЕ, по четврти пат, го организира светскиот  „Ден на акција“ на меѓународно ниво за сите училишта кои ја спроведуваат оваа програма. Оваа година за Светскиот ден на акција ги покануваме учениците  да запеат за одржлив свет. Секоја земја може да испрати по еден национален победник  кој ќе земе учество во интернационален натпревар за најдобро музичко видео  наречен  „Следната генерација“ (International music video competition – “GENERATION NEXT“) и да освои 600, 400 или 200 € за прво, второ или трето место. Главната цел е да се направи видео за песната „Следната генерација“ , која е создадена од ФЕЕ Норвешка, организација која ја спроведува програмата Еко училиште во Норвешка.

Ден на акција на еко-училиштата од целиот свет Read More »

Одбележување на Денот на Европа, 09 Мај, 2015

По повод овој ден на плоштадот Магнолија беа поставени штандови на кои учениците од основните училишта, меѓу кои и нашето училиште, ги претставија државите-членки на ЕУ. Нашето училиште го претставуваше Обединетото Кралство.

Одбележување на Денот на Европа, 09 Мај, 2015 Read More »

1-ви Април Ден на шегата

По повод 1-ви Април Денот на шегата, учениците од ОУ„Д-р Трифун Пановски“ –  Битола изработија креативни маски направени заедно со нивните наставници. Смеењето го продолжува животот, ние ја негуваме смислата за хумор кај нашите ученици.

1-ви Април Ден на шегата Read More »

Заеднички активности на двете училишта ОУ„Д-р Трифун Пановски“ и ОУ„ Гоце Делчев“ од Битола

Заеднички активности на учениците од ОУ„Д-р Трифун Пановски“ – Битола и ОУ„Гоце Делчев“ – Битола и посета  на Филтерницата во с.Дихово во склоп на проектот „Градиме Мостови“.

Заеднички активности на двете училишта ОУ„Д-р Трифун Пановски“ и ОУ„ Гоце Делчев“ од Битола Read More »