Воннаставни активности

Новогодишно фестивалче и Новогодишен базар во ПУ с.Трново

По повод новогодишните празници , на 28.12.2018 год. во просториите на Подрачното училиште во село Трново се одржа Новогодишно фестивалче. На самиот настан водителот ги најавуваше учениците од прво, второ и трето одделение кои се претставија со музички песнички со новогодишна содржина и истите имаа натпреварувачки карактер. На огромно задоволство беше дочекан Дедо Мраз кој им подари подароци. За неговото доаѓање се потрудија наставничката Ленче Илиевска и родителите и беше изненадување за учениците. На крајот беше организиран скромен новогодишен базар, каде родителите и гостите можеа да купат од понудената храна.

Новогодишно фестивалче и Новогодишен базар во ПУ с.Трново Read More »

Новогодишен базар – 2018 год.

По повод новогодишните празници, во нашето училиште се организира Новогодишен базар, каде учениците заедно со своите родители и наставници  изработија новогодишни украси и храна кои беа продавани на базарот.

Новогодишен базар – 2018 год. Read More »

Во посета на Домот за стари лица СЈУ Рајдер од Битола

Учениците од IIб, IVб, и Vб одд. беа гости во домот за стари лица СЈУ Рајдер Битола и сите заедно им ги честитаа Новогодишните празници и им посакаа долг и среќен живот.

Во посета на Домот за стари лица СЈУ Рајдер од Битола Read More »

Предавање за безбедност во сообраќајот и превенција од пиротехнички средства

На ден 21.12.2018 и 22.12 .2018 год. од страна на СВР Битола за учениците од IV одд. беше одржано предавање на тема: Безбедност во сообраќајот и превенција од пиротехнички средства.

Предавање за безбедност во сообраќајот и превенција од пиротехнички средства Read More »

Есенски еднодневен излет 06.09.2018 год.

Учениците од нашето училиште од  III – IX одд. денот го поминаа на Голема ливада – Пелистер со цел запознавање со карактеристиките на Националниот парк Пелистер, развивање на интерес за природата, рекреација, социјализација, стекнување на искуство за осамостојување и грижа за себе.

Есенски еднодневен излет 06.09.2018 год. Read More »

Излет на учениците од прво и второ одделение

Учениците од I и II одд. на ден 07.09.2018 год. отидоа во блискиот парк Стив Наумов каде заедно се дружеа, играа, другаруваа и меѓусебно се запознаваа. Излетот беше реализиран како заедничка активност меѓу наставниците, учениците и родителите.

Излет на учениците од прво и второ одделение Read More »