За нас

ООУ„Д-р Трифун Пановски“ Битола

За нас

Лична карта на училиштето

Општи податоци за училиштето

Име на училиштетоОУ,,Д-р Трифун Пановски”
адреса, општина, местоУл.,,Охридска”бр.50 Битола ,Битола
телефон047-231-240
фах047-231-240
е-маил 
основано одСекретаријат за општествени дејности -Битола
Верификација- број на актот13-2140
Година на верификација1986
Јазик на кој се изведува наставатаМакедонски јазик со употреба на кирилско писмо
Година на изградбаСтар објект – 1932г., нов објект 1956г.
Тип на градбаЦврста градба од траен карактер
Површена на објектот1420,98 м²
Површина на училшниот двор3 088 м²
Површина на спортски терени и игралишта1 600 м²
Училиштето работи во сменаУчениците од одделенска настава, наставата ја следат во две смени ,а додека учениците од предметна настава ,наставата ја следат само претпладне.
Начин на загревање на училиштетоЗагревањето на објектот се врши со парно греење кое како извор на топлина користи нафта.
Број на одделенијаВкупно се 8 одделенија од кои 7од деветгодишното образование и 1 од осумгодишното образование
Број на паралелки18
Број на смениДве смени (претпладневна и поладневна)
Статус на еко-училиште (зелено знаме, сребрено или бронзено ниво)Еко училиште-зелено знаме
Датум на добиен статус21-22.02.2013г.

Визија

Да создадеме современо, безбедно и инспиративно училиште кое поттикнува развој на целосно изградени личности – образовани, одговорни, креативни и подготвени за предизвиците на 21. век. Нашата визија е ООУ „Д-р Трифун Пановски“ да биде училиште каде што секое дете се чувствува прифатено, поддржано и охрабрено да ги развива своите потенцијали.
Зошто ние

Мисија

Да воспитуваме генерации кои ќе придонесуваат за општествен развој, грижа за животната средина и почитување на различностите.

Да изградиме позитивна училишна клима базирана на почит, соработка и доверба меѓу учениците, наставниците и родителите.

Да ги поттикнуваме учениците на критичко размислување, креативност, истражување и тимска работа.

Да воспитуваме генерации кои ќе придонесуваат за општествен развој, грижа за животната средина и почитување на различностите.

За нашиот патрон

Д-р Трифун Пановски Роден е во село Буф, Леринско, на1.02.1912 година. Заедно со родителите се преселил во Битола. Тука се школувал во Битолската Гимназија во која и матурирал во 1932-1934година. Во Белград студирал Медицински факултет на кој и дипломирал. Како студент бил секогаш присутен во манифестациите, демонстрациите, агитациите против тогашниот режим. Трифун станал член на КПЈ во времето на окупацијата. Од Ниш, каде работел како лекар, се вратил во Битола и веднаш активно се вклучил во Народноослободителното движење. Прибирал „црвена помош“, санитетски материјали, оружје, храна, муниција и друго. Окупационата власт на 20.04.1942година го затворила. Немајќи конкретни докази Трифун излегол од затвор на 22.08.1943 година. По налог на Партијата, есента 1943 година заминал во НОВЈ. Во првата македонска бригада бил бригадирски лекар, а покрај тоа и борец. Летото 22 Јули 1944 година во селото Буринец, Трифун Пановски загинал од експлозија од мина.