Активности

УСПЕШНО РЕАЛИЗИРАНА МЕЃУУЧИЛИШНА СОРАБОТКА СО ОO НА СОЈУЗ НА БОРЦИ И ГРАЃАНИТЕ ПРОДОЛЖУВАЧИ ПО ПОВОД ДЕНОТ НА ОСЛОБОДУВАЊЕТО НА БИТОЛА

Со гордост, длабока почит и заедничка посветеност, ОУ „Д-р Трифун Пановски“ во соработка со ОO на Сојуз на борци и граѓаните продолжувачи од Битола и партнерското училиште ООУ „Тодор Ангелевски“ го одбележаа 4 Ноември – Денот на ослободувањето на Битола. Преку низа заеднички активности, младите генерации и чуварите на историското сеќавање уште еднаш ги здружија силите за да го прослават овој голем историски датум за нашиот град.Во рамките на оваа значајна меѓуучилишна соработка се реализираа следните содржини:

УСПЕШНО РЕАЛИЗИРАНА МЕЃУУЧИЛИШНА СОРАБОТКА СО ОO НА СОЈУЗ НА БОРЦИ И ГРАЃАНИТЕ ПРОДОЛЖУВАЧИ ПО ПОВОД ДЕНОТ НА ОСЛОБОДУВАЊЕТО НА БИТОЛА Read More »

„Нашата Битола – нашата гордост“ ❤️

По повод 4 Ноември – Денот на ослободувањето на Битола, учениците од II-а одделение реализираа креативна и едукативна работилница на тема „Нашата Битола – нашата гордост“. Преку приказната „Волшебната роденденска патека на Битола“, учениците се запознаа со убавините и значењето на нашиот град, а потоа со многу љубов и креативност изработија плакат со желби за Битола. Со детски искрени пораки, насмевки и желби за поубава иднина, испратија честитка до нашиот град за неговиот празник. Зашто Битола не е само град – таа е наша љубов, наш дом и наша гордост! ❤️

„Нашата Битола – нашата гордост“ ❤️ Read More »

Креативен и забавен интегриран ден во прво б одделение.

Денес нашите првачиња преку игра, приказна и творештво усвојуваа нови знаења: Учевме за бројот 3 преку омилената детска приказна „Златка и трите мечки“. По слушањето и анализата на содржината, учениците ја искажаа својата креативност на часот по Ликовно образование, изработувајќи ги ликовите и предметите од приказната и ја склопија целата приказна во една целина. Учењето преку игра е најслатко – учениците се забавуваа, твореа и успешно ги совладаа новите поими. Наставник : Цветанка Љамчевска

Креативен и забавен интегриран ден во прво б одделение. Read More »

Креативен час по слободниот изборен предмет „Музички жанрови“

Учениците на слободниот изборен предмет “Музички жанрови” ја слушаа народната песна “Имала мајка девет синови”, направија анализа на текстот, а потоа направија своја замислена приказна за случката во песната и ги презентираа своите приказни.

Креативен час по слободниот изборен предмет „Музички жанрови“ Read More »

Едукативна трибина „Земјоделство 5.0 – Агропрофесионалецот е професија на иднината”.

Учениците од деветто одделение присуствуваа на едукативна трибина на Земјоделското училиште. На 16.10.2026 во салата на Советот на Општина Битола беше организирана едукативна трибина со наслов „Земјоделство 5.0 – Агропрофесионалецот е професија на иднината”.Трибината ја организираше општинското земјоделско училиште “Кузман Шапкарев“, на Светскиот ден на храната, а беше наменета за учениците од деветто одделение од основните училишта, кои наскоро ќе треба да донесат одлука за идното средно образование. Целта на трибината е да им се приближат на младите современите можности во земјоделството и да им се претстави земјоделството како динамична, иновативна и перспективна дејност, која ги обединува науката, дигиталните технологии, вештачката интелигенција, заштитата на животната средина и претприемништвото. Пред учениците и наставниците обраќање имаше и градоначалникот на Битола, Тони Коњановски.

Едукативна трибина „Земјоделство 5.0 – Агропрофесионалецот е професија на иднината”. Read More »