На 16.01.2019 година во нашето училиште се одржа интерна обука на тема: Изработка на индивидуален образовен план за децата со посебни образовни потреби со наставници од предметна и одделенска настава. Обуката ја спроведе училишниот психолог Теодора Трифуновска. Целта на оваа обука беше наставниците да се запознаат со ИОП како основен документ за прилагодување на наставните програми за учениците со посебни образовни потреби, како и да стекнат вештини за изработка на квалитетни индивидулани планови.


