Значајни денови

Учество во глобалната акција – Засади дрво за мир и светскиот Eno tree planting day

Наставничките и учениците од подрачните училишта во с. Дихово и с. Трново, по трет пат учествуваа во глобалната акција – Засади дрво за мир во рамките на движењето Eno tree planting day, заедно со илјадници училишта во повеќе од 100 земји во светот. Оваа година, одлучија да засадат семиња од локални овошни и јаткасти плодови испраќајќи порака дека околината е важна за нас, не само локално, туку и глобално. Како што растат заедно учениците и дрвата на мирот, така да растат условите за посветла иднина на нашата планета и нејзините жители.

Учество во глобалната акција – Засади дрво за мир и светскиот Eno tree planting day Read More »

Наградна екскурзија за учениците кои го промовираа училиштето со своите успеси на општинско, регионално и државно ниво

На ден 28.06.2019 год. училиштето организираше наградна екскурзија за учениците кои во учебната 2018-2019 год. освоија места на општински, регионални и државни натпревари. Екскурзијата беше до град Скопје, каде беа посетени Собранието и Институтот за национална историја. Пред учениците се обратија пратениците Фросина Ташевска Ременски, Далибор Богдановски и Зоран Илиовски и притоа учениците им поставуваа прашања за нивната работа во собранието. Исто така пред пратениците нашата ученичка Ана Долевска одржа говор на тема: Екологија, каде упати јасни пораки како да ја зачуваме чиста нашата животна средина. Голема благодарност за соработката до Соња Стаменковска-  советник историчар во одделението за едукација и комуникација. Се надеваме дека ова ќе биде поттик за сите ученици да ги унапредуваат своите знаења и постигања и да го промовираат училиштето со своите успеси.

Наградна екскурзија за учениците кои го промовираа училиштето со своите успеси на општинско, регионално и државно ниво Read More »