Еко хепенинг (26.05/15), ОУ “Д-р Трифун Пановски” – Битола

Денес во градскиот парк во Битола се случи голем Еко Хепенинг под мотото “Од мали нозе со големи чекори за Битола”. Настанот го организираше невладината организација Биосфера во соработка со основните и средните училишта од Битола. Главната цел на Еко хепенингот покрај одбележувањето на Меѓународниот ден на биодиверзитетот, беше и подигнување на свеста кај најмладите за заштита на животната средина.

На настанот низ активности од забавно едукативен карактер, најмладите од сите основни и средни училишта од Битола, пренесоа пораки за заштита на животната средина и унапредување на биолошката разновидност.