Aктивности во пресрет на Новогодишните празници

Учениците од II б и V б одделение заедно со нивните наставнички Цветанка Љамчевска и Тања Николовска правеа и украсуваа новогодишни колачиња. Креативните, среќни и радосни ученици ги поканија нашите најмали ученици од прво одделение заедно да уживаат и да ја почувствуваат Новогодишната магија.Среќа и радост за сите деца во Новата година.