За нас
ООУ„Д-р Трифун Пановски“ Битола
За нас
Лична карта на училиштето
Општи податоци за училиштето
| Име на училиштето | ОУ,,Д-р Трифун Пановски” |
| адреса, општина, место | Ул.,,Охридска”бр.50 Битола ,Битола |
| телефон | 047-231-240 |
| фах | 047-231-240 |
| е-маил | |
| основано од | Секретаријат за општествени дејности -Битола |
| Верификација- број на актот | 13-2140 |
| Година на верификација | 1986 |
| Јазик на кој се изведува наставата | Македонски јазик со употреба на кирилско писмо |
| Година на изградба | Стар објект – 1932г., нов објект 1956г. |
| Тип на градба | Цврста градба од траен карактер |
| Површена на објектот | 1420,98 м² |
| Површина на училшниот двор | 3 088 м² |
| Површина на спортски терени и игралишта | 1 600 м² |
| Училиштето работи во смена | Учениците од одделенска настава, наставата ја следат во две смени ,а додека учениците од предметна настава ,наставата ја следат само претпладне. |
| Начин на загревање на училиштето | Загревањето на објектот се врши со парно греење кое како извор на топлина користи нафта. |
| Број на одделенија | Вкупно се 8 одделенија од кои 7од деветгодишното образование и 1 од осумгодишното образование |
| Број на паралелки | 18 |
| Број на смени | Две смени (претпладневна и поладневна) |
| Статус на еко-училиште (зелено знаме, сребрено или бронзено ниво) | Еко училиште-зелено знаме |
| Датум на добиен статус | 21-22.02.2013г. |
Визија
Да создадеме современо, безбедно и инспиративно училиште кое поттикнува развој на целосно изградени личности – образовани, одговорни, креативни и подготвени за предизвиците на 21. век. Нашата визија е ООУ „Д-р Трифун Пановски“ да биде училиште каде што секое дете се чувствува прифатено, поддржано и охрабрено да ги развива своите потенцијали.
Зошто ние
Мисија
Да воспитуваме генерации кои ќе придонесуваат за општествен развој, грижа за животната средина и почитување на различностите.
Да изградиме позитивна училишна клима базирана на почит, соработка и доверба меѓу учениците, наставниците и родителите.
Да ги поттикнуваме учениците на критичко размислување, креативност, истражување и тимска работа.
Да воспитуваме генерации кои ќе придонесуваат за општествен развој, грижа за животната средина и почитување на различностите.