Учениците од деветто одделение присуствуваа на едукативна трибина на Земјоделското училиште.
На 16.10.2026 во салата на Советот на Општина Битола беше организирана едукативна трибина со наслов „Земјоделство 5.0 – Агропрофесионалецот е професија на иднината”.Трибината ја организираше општинското земјоделско училиште “Кузман Шапкарев“, на Светскиот ден на храната, а беше наменета за учениците од деветто одделение од основните училишта, кои наскоро ќе треба да донесат одлука за идното средно образование.
Целта на трибината е да им се приближат на младите современите можности во земјоделството и да им се претстави земјоделството како динамична, иновативна и перспективна дејност, која ги обединува науката, дигиталните технологии, вештачката интелигенција, заштитата на животната средина и претприемништвото.
Пред учениците и наставниците обраќање имаше и градоначалникот на Битола, Тони Коњановски.





