Учениците од Ученичката заедница заедно со училишниот психолог учествуваа на најголемиот глобален час на кој беа промовирани „Глобалните цели за одржлив развој 2015-2030“ кои ги усвои Генералното Собрание на Обединетите Нации, со поддршка на УНЕСКО и УНИЦЕФ. Овие 17 Глобални цели се однесуваат на теми битни за општественото живеење како образование, здравство, намалување на сиромаштијата, справување со климатските промени и сл. По одржувањето на часот и дискусијата за важноста на овие цели, учениците изготвија промотивен постер со кој ќе придонесат за популаризација на оваа иницијатива кај другите ученици, родители и настваници.
