Учество во еко акција “Генералка Викенд”


Нашето училиште традиционално се вклучува во еко акцијата “Генералка Викенд” која се организира секоја година на ниво на држава. Оваа година учениците од шесто одделение со одделенските раководители Игор Наумовски и Милена Дестановиќ, со заеднички сили го исчистија училишниот двор, при тоа внимаваа на правилното селектирање на отпадот.