„Нашата Битола – нашата гордост“ ❤️

По повод 4 Ноември – Денот на ослободувањето на Битола, учениците од II-а одделение реализираа креативна и едукативна работилница на тема „Нашата Битола – нашата гордост“.

Преку приказната „Волшебната роденденска патека на Битола“, учениците се запознаа со убавините и значењето на нашиот град, а потоа со многу љубов и креативност изработија плакат со желби за Битола.

Со детски искрени пораки, насмевки и желби за поубава иднина, испратија честитка до нашиот град за неговиот празник.

Зашто Битола не е само град – таа е наша љубов, наш дом и наша гордост! ❤️

Сподели ја оваа објава: