Денес нашите првачиња преку игра, приказна и творештво усвојуваа нови знаења:
Учевме за бројот 3 преку омилената детска приказна „Златка и трите мечки“.
По слушањето и анализата на содржината, учениците ја искажаа својата креативност на часот по Ликовно образование, изработувајќи ги ликовите и предметите од приказната и ја склопија целата приказна во една целина.
Учењето преку игра е најслатко – учениците се забавуваа, твореа и успешно ги совладаа новите поими.
Наставник : Цветанка Љамчевска





