По повод новогодишните празници , на 28.12.2018 год. во просториите на Подрачното училиште во село Трново се одржа Новогодишно фестивалче. На самиот настан водителот ги најавуваше учениците од прво, второ и трето одделение кои се претставија со музички песнички со новогодишна содржина и истите имаа натпреварувачки карактер. На огромно задоволство беше дочекан Дедо Мраз кој им подари подароци. За неговото доаѓање се потрудија наставничката Ленче Илиевска и родителите и беше изненадување за учениците. На крајот беше организиран скромен новогодишен базар, каде родителите и гостите можеа да купат од понудената храна.























