Новогодишна приредба Iб одделение „Дојди, дојди Дедо Мраз“ 

Учениците со песнички и стихотворби со новогодишна содржина на присутните им ја честитаа Новата година. Изненадување (од наставничката во соработка со родителите) за учениците беше доаѓањето на Дедо Мраз кој им подари поклончиња. Среќата, радоста и искрените детски насмевки огромно задоволство за наставничката, родителите и присутните гости.