Во Народниот театар – Битола на ден 19.03.2019 год, се одржа првиот мал драмски фестивал на кој учениците од сите основни училишта изведоа мали драми на тема Екологија, а фестивалот беше во организација на ОУ “Св. Климент Охридски“ – Битола. Со интересни кратки драмски текстови, децата актери пренесоа силни пораки за екологијата, секој на свој оригинален начин.
Учениците од драмската секција настапија со драматизација “Еко – состанок“ под менторство на наставничката по Македонски јазик Робертина Герасовска-Петровска.
Учесници:
- Ангел Божинов
- Михаил Крстевски
- Фанче Алтимармакоска
- Ана Долевска
- Теона Димитровска
- Татјана Петровска
- Христина Стојковска
- Ана Лазаревска


