Еко акција „Дај свој придонес, засади дрво“

На иницијатива на компанијата Интерворкс од Битола денес во градскиот парк  се одржа по втор пат акцијата „Дај свој придонес засади дрво“, акција со која што треба да се засадат околу 10 илјади садници на ниво на општина Битола.  Акцијата ја почнаа мината година со цел да се создадат подобри услови за живот. Иницијативата беше поддржана од Општина Битола и ЈП Комуналец Битола.