Во склоп на програмата за справување со насилно однесување што училиштето ја реализира беше спроведена работилница за насилство, видови насилно однесување и булинг во училиште.
Училишниот психолог разговарше на овие теми со учениците од VI одд. како и за нивните искуства со булинг во нашето училиште. Со цел успешно справување со булингот како негативна појава во училиште, педагошко – психолошката служба спроведува анкета на оваа тема со учениците од VI – IX одд., со помош на која ќе се детектира видот и зачестеноста на појава на овај вид насилно однесување во нашето училиште и врз основа на добиените податоци ќе се подобри стратегијата на училиштето за справување со булингот и другите видови на насилно однесување, бидејќи наш приоритет е секој ученик да се чуствува пријатно и сигурно во своето училиште.

