На ден 09.09.2022 за учениците од второ до деветто одделение беше организиран излет до националниот парк Пелистер, локација Голема ливада. Преку ваквите активности кај учениците се развива интерес кон природата, се запознаваат со природните убавини на нашата татковина, како и се градат вредности за дружење, социјализација, стекнување на нови искуства.
Во склоп на програмата за излетот беа планирани бројни активности како пешачење по “Детска патека од Голема до Мала ливада” со што учениците се запознаваа со карактеристиките и знаменитостите на националниот парк Пелистер, но беа одржани и рекреативни активности, спортски натпревари, игри и слично.


































