Денот на шегата ПУ с.Трново го одбележа со групна маска ,,Сончев систем”.
Учениците имаа прилика со едукативно видео за Сончевиот систем да се запознаат со секоја планета и небесно тело поединечно, односно со маската која ја имаа на себе.
Денот продолжи во забавна прошетка низ Трново, исполнета со многу смеа, радост и сончевина.
Одделенски наставници:
Марија Цветановска
Весна Талевска



















