Работилница за справување со социјален притисок “Ме наговорија”

На ден 12.09.2023 год. педагогот и психологот на училиштето одржаа работилница за учениците од шесто одделение за справување со социјален притисок. Учениците да стекнат способност да ги воочуваат механизмите преку кои средината влијае на поединецот и неговото однесување, како и вештини за справување со социјалниот притисок.